Достапни линкови

logo-print

Започнува идентификацијата


Обдукцијата на четрити пронајдени тела на планината Бистра, кај месноста Јама, меѓу Дебар и Кичево е завршена по што започнува идентификационата постпка која треба да го покаче нивниот идентитеот, изјави за Слободна Европа, директорот на Институтот за Судска медицина Алексеј Дума:

„Сега следува анализата и сето она што терба да биде одговор на поставените прасања. Така што, тоа ќе си оди полека, полека, согласно стандардите на ЕУ, малку подолго ќе трае и тој се работи според упатството на Интерпол.“

Се претпоставува дека станува збор за телата на изчезнатите албанци за време на воениот конфликт во 2001, но сепак идентификационата постпка на телата ќе го покаже нивниот идентитет. Семејствата на изчезнатите албанци сеуште одбиваат да датат примерок од Крвта за ДНК анализа:

„Одбиваме да дадеме примерок од крвта за ДНК анализа, бидејки полицијата веќе знае се кој ги земал нашите најблиски и што направали со нив. Оствивме полиијата сама да ги најде и да ги казни криминалците,“

вели Сами Велиу брат на изчезнатите Ибрахим и Зекир Велиу. Но, сепак Алексеј Дума е оптимист и вели дека тие ќе се сопгласат да дадат примерок од крв:

„Јас мислам дека ќе дадат. Тоа е работа што се работи преку меѓународната комисија за исчезнати.“

За време на конфликтот во Македонија за изчезнати се сметааат 12 македонци и 6 албанци. Пред извесно време МВР соопшти дека со ДНК анализа потврден е идентитетот на 3 лица пронајдени во масовната гробница кај Требош а едно тело беше испратено на дополнителна анализа во Босна и Херцеговина. Се работи за дел од 12 члената група изчезнати Македонци. Во Институтот за судска медицина иако се очекуваше, до сега не пристигнале резѕултатите од ДНК анализата на четвртото тело пронајдено кај Требош:

„Јас уште немам никаква информација од истражниот судија во тој дел.

Семејствата на изчезнатите Македонци за киднапирањето на нивните најблиски го обвинуваат Али Ахмети кој за време на конфликтот беше на чело на т.н. ОНА. Против него веќе е поднесена кривична пријава.

Минатата година МВР вршеше есхумација и кај месноста Железник и кај мостот во Велес, при шо беа пронајдени 2 тела, но сеуште не е потврден нивниот идентитет, иако и за нив се претпоставува дека станува збор за тела на изчезнатите Албанци. Ако тоа се потврди тогаш се заокружува истрагата за шесте киднапирани или изчезнати Албанци. А, полицијата останува да ги пронајде телата на уште осум изчезнати Македонци.
XS
SM
MD
LG