Достапни линкови

Брус Џексон, директор на американскиот проект за демократии во транзиција. Земјите од Јадранската иницијатива се на добар пат за членство во НАТО


Господине Џексон по состанокот на земјите членки на Јадранската повелба практично последен пред Самитот на НАТО во Истанбул како вие ги оценувате перспективите на Макеоднија Хрватска и Албанија за зачленување во НАТО?

Мислам дека трите земји потписнички на Јадранската повелба имаа навистина добра година. Тие се на вистинскиот пат во нивните аспирации за членство во НАТО и се надевам во Европската Унија. Се надевам дека членките на Алијасата на самитот во Истамбул Ќе дадат сигнал за оптимистичките перспективи за овие земји.

Политички сигнал е прилично општа формулација господине Џексон . Македонија на пример очекува нешто повеќе од вообичаените основни фрази за политиката на отворени врати на НАТО. Имаат ли основа ваквите амбиции?

Јас сум од невладиниот сектор, јас не можам да предвидам како 26-те земји ќе делуваат конкретно и како ќе го формулираат политичкиот сигнал што го очекуваме. Она што го знаеме е дека во Брисел и во Вашингтон и во другите европски престолнини постои чувство на оптимизам за она што Македонија и нејзините соседи го постигнале. Така што ние очекуваме дека тој оптимизам ќе биде изразен и во Истанбул. Нема да има покани во Истамбул, никогаш и не беше предвидено да има, но се надеваме дека земјите членки ќе укажат дека имаат доверба оти трите зењмји кандидати макеоднија Албанија и Хрватска ги спроведуваат и ќе продолжат да ги спроведуваат реформите и дека ќе бидат во состојба за нив да донесат позитивна одлука на следниот самит. Тоа би било одлично.

На вториот состанок на комисијата за партнерство на земјите од јадранската повелба како гости беа присутни и шефовите на дипломатиите на Србија и Црна Гора и Босна и Херцеговина. Вие лично со нив имавте работна средба. Претпоставувам тоа само ја потврдува заложбата за интергирање на овие земји во северноатланските структури?

Мислам дека сите беа разочарани што Босна и Херцеговина и Србија и Црна Гора не беа поканети за членство во програмата Партнерство за мир што беше резултат од нивниот неуспех да ги исполнат барањата за соработка со меѓународниот суд за воени злосторства во Хаг. Тоа е навистина причина за жалење. Мислам дека во рамките на Јадранската повелба, Вилнус групата и во НАТО, како и во европските институции за нив вратата ќе биде отворена врата штом ќе исполнат неопходен минимум од критериумите кои се неопходни.
XS
SM
MD
LG