Достапни линкови

Израелските сили денеска убиле пет Палестинци


Израелските сили денеска убиле уште пет палестинци во офанзивата во Газа која наиде на силен меѓународен критицизам. Советот за Безбедност на Обединетите Нации синоќа со резолуција го осудија убивањето цивили во Газа и побара од Израел да го запре демолирањето на палестинските домови. Америкнаскиот државен секретар Колин Пауел изјави дека мерките што ги презеде Израел ги зголемија проблемите воп регионот.

„Верувам дека активностите на израелските одбранбени сили во Газа ја влошија ситуацијата и направија да биде потешко да се вратиме во мировниот процес.“

Според Израел офанзивата има за цел да се унишат тунелите за криумчарење на оружје од Египет.
XS
SM
MD
LG