Достапни линкови

Франек Розвадовски во Скопје


За период од два дена, колку што ќе трае мисијата на ММФ тие ќе треба да ги оценат сите остварувања од досегашните аранжмани со ММФ од 93 година и со македонската влада да разговараат за идните аранжмани што македонската влада треба да ги склучи со фондот:

„Ова е посета во врска со тоа што се нарекува оценка на изложеноста на државата, тоа е нова процедура во ММФ која почнавме да ја применуваме за сите земји што имаат аранжман со оваа меѓународна институција, а секако Македонија е една од нив. При оценката, ги анализираме вкупните односи на Македонија со ММФ во последните десет години, со што ќе видиме што одеше добро, а што не, со тоа ќе научиме лекции од минатото и со властите полесно ќе ги планираме идните односи. Важен дел од оценката не се нашите погледи, туку оние на власта,“

е ставот на Франек Розвадовски, директор на ММФ за Македонија.

На почетокот од мисијата ММФ без јасен став, кој е најповолен аранжман во моментов за Македонија:

„Во принцип, зависи од потребите на земјата, од платниот биланс и какви се потребите во политиката. Македонија би можела да има друг стенд бај аранжман, или ЕФФ, се е можно,“

вели Розвадовски.

Македонскиот тим, по ова прашање е со јасен став, ќе бараме аранжман за проширено финансирање, или така наречен ЕФФ аранжман:

„Ќе посакаме еден потежок аранжман, пореформски аранжман,“

вели Димко Кокаровски, заменик министер за финансии.

Веќе пуштените шпекулации дека ставот на ММФ е во Македонија да постави валутен борд, како и воведување на принципот на слободно движење на курсот на денарот, Розвадовски ги демантира:

„Речиси секоја земја може да воведе валитен борд, доколку избете така, вклучувајќи ја и Македонија. Тоа не е тема, за која ќе разговараме, бидејќи ММФ не инсистира на таква работа.“

Курсот на денарот останува стабилен, вели Кокаровски:

„Во ваква позиција, во којашто се наоѓаме денеска, да имаме стабилен денар, затоа што било какви поместувања на тој план ќе предизвикаат низа несакани последици во системот.“

Преговорите се очекува да завршат во септември, а неоговото стапување во сила да биде кон почетоко на октомври.
XS
SM
MD
LG