Достапни линкови

Македонија единствена земја во Европа без кредитен рејтинг


Македонија заедно со Албанија и Србија и Црна Гора е единствената земја во Европа, која што нема изготвено државен кредитен рејтинг, кој што пред странските инвеститори ќе ги покаже основните параметри на потенцијалниот ризик при нивното вложување во нашава држава. Македонската влада конечно најави дека наскоро ќе распише тенедер и ќе одбере странска агенција која што ќе го утврди и до крајот на годинава ќе го изготви кредитиниот рејтинг на земјава. „Полошо од неатрактивен кредитен рејтинг, е доколку воопшто го немате изготвено,“ вели експертот од областа на економијата, Ванчо Узунов:

„Добро е да има кредитен рејтинг за привлекување странски инвестиции, дури по мое мислење и кога оценката не е многу добра, затоа што тогаш барем се знае каква е. Кога немате рејтинг, вие можете да бидете и најдобрата земја, меѓутоа вие спаѓате во категорија земји без рејтинг и сте најлоши. Така што, каков и да е кредитниот рејтинг треба да се знае.“

По изготувањето на кредитиниот рејтинг, државава може да очекува зголемување на странските инвестиции бидејки тие конечно ќе имаат слика за тоа на какво подрачје инвестираат:

„Може да помогне во зголемувањето странски инвестиции. Јас сум разговарал и со некои луѓе од праксата, банкари и други, тие имаа разговори со странски партнери, меѓутоа странските партнери велат дека не може да влезат лесно во некои инвестиции затоа што немаат начин да го пресметаат ризикот, затоа што з да го пресметаат ризикот на земјата, нема официјален кредитен рејтинг. И тоа за големите инвеститори значи не инвестирај.“

Зошто Македонија и покрај 13 години независност нема изготвено кредитен рејтинг, професор Узунов, објаснува дека „земјава се досега тоа официјално не го побарала, можеби и поради евентуален страв дека тој ке биде неатрактивен“

„Македонија веројатно имало страв за тоа каков ќе биде рејтингот.“

По изготувавањето на кредитиниот рејтинг Македонија ке добие и независна и стручна оцена за спореведување на економксите рефорими на процеосто на демократизација во земјава.
XS
SM
MD
LG