Достапни линкови

За сега нема официјална информација дали се телата на исчезнатите Македонци или Албанци


На планината Бистра, кај месноста Јама, на планинскиот пат помеѓу Дебар и Кичево, полицијата и надлежните институции денеска ја продолжуваат есхумацијата на уште три од четирите лоциани тела во јама длабока над 50 метри. Од јамата бече извлечено едно тело, кое веќе е донесено на обдукција во Судска медицина во Скопје. Се претпоставува дека станува збор за телата на исчезнатите Албанци од воениот конфликт во 2001 година. Но, сепак обдукцијата на телата ќе го покаже нивниот идентитет. Семејствата на исчезнатите Албанци, иако биле поканети, дури пред една недела од страна на МВР да присуствуваат на есхумацијата на телата, тие не се појавија на местото на настанот:

„Се консултиравме меѓу себе и решвиме да не одиме таму. Исто така, одбиваме да дадеме примерок од крвта за ДНК анализа, бидејќи полицијата веќе знае се, кој ги земал нашите најблиски и што направил со нив. Оставаме полицијата само да ги најде и казни криминалците,“

вели Сами Велиу, брат на исчезнатите Ибрахим и Зекир Велиу.

За време на воениот конфликт во Македонија за исчезнати се сметаат 12 Македонци и шест Албанци. Пред извесно време МВР соопшти дека со ДНК анализа потврден е индетитетот на три тела, пронајдени кај масовната гробница во Тревош, а едно тело е испратено на дополнителна анализа во БИХ. Се работи за дел од групата на 12-те исчезнати Македонци. Семејствата на исчезнатите Македонци, за киднапирањето на нивните најблиски го обвинуваат Али Ахмети, кој за време на конфликтот беше на чело на т.н. ОНА, против него, веќе е поднесена кривична пријава. Минатата година, МВР вршеше есхумација и кај месноста Железник и кај мостот во Велес, при што беа пронајдени две тела, но сеуште не е потврден нивниот идентитет, иако и за нив се претпоставува дека станува збор за тела на исчезнатите Албанци. Ако тоа се потврди, тогаш се заокружува истрагата за шесте исчезнати Албанци, а полицијата останува да ги пронајде телата на уште осумте исчезнати Македонци. Инаку, есхумацијата во дебарската јама, ја набљудуваат претставници на меѓународната полициска мисија „Проксима“ и претставници на комисијата за исчезнати лица.
XS
SM
MD
LG