Достапни линкови

Во Македонија генерално човековите права се почитуваат, иако има сериозни проблеми


Американскиот Стејт Департмент вчера го издаде годишниот извештај за поддршка на човековите права и демократијата во светот. Во делот за Македонија се оценува дека владата генерално ги почитувала човековите права на нејзините граѓани иако се уште имало сериозни проблеми.

Меѓу проблемите, Стејт Департментот ги наведува: неказнувањето државни претставници, корупцијата, неефикасното судство и трговијата со луѓе. Подобрување во минатата година, како што се вели во извештајот, имало во почитувањето на човековите права од страна на полицијата. Стејт Департментот додава дека американската стратегија за човековите права и демократијата во Македонија во изминатата година била фокусирана најнапред врз охрабрувањето на владата да го продолжи имплементирањето на Рамковниот договор и оти американските напори за подобрување на постојните човекови права главно биле успешни. Соединетите Држави, како што се наведува, продолжиле да вршат притисок за решавање на случаите во кои се инволвирани државни службеници од поранешната влада за кршење на овие права за време на две илјади првата и две илјади и втората година. Притоа се додава дека Соединетите Држави продолжуваат да нагласуваат дека меѓународните норми, со оглед на македонските аспирации за членство во НАТО и Европската Унија, бараат земјата да се справи со оние што ги прекршиле човековите права. Во тој контекст се прецизира дека во многу пригоди американската амбасада вршела притисок врз Владата да ги доведе пред лицето на правдата на, како што се наведува, подготвувачите на масакрот во Раштански лозја. Во март минатата година, по загинувањето од мина на двајца полски војници, амбасадорот беше во Липково да испрати јасна порака дека Соединетите Држави нема да толерираат насилен екстремизам во регионот, се наведува во извештајот на Стејт Департментот. Во него исто така се додава дека со законската имплементација на Рамковниот договор, што треба да биде комплетирана во две илјади четврта, се зацврстуваат граѓанските права на малцинствата. Американската амбасада ја нагласува важноста од ефикасна и транспрарентна локална самоуправа како критична точка за консолидирање на македонската демократија, се вели во годишниот извештај на Стејт департментот за почитувањето на човековите права во Македонија, во кој се оценува дека реформите во полицијата се важен фактор за идната стабилност на земјата.
XS
SM
MD
LG