Достапни линкови

Советот на министрите треба да ја задолжи Европската Комисија да изготви мислење за Македонија


Македонската апликација за членство во Европската Унија влегува во процедура која треба да доведе до здобивање на статус на земја кандидат. Имено Советот на министрите на Унијата треба да ја задолжи Европската комисија да изготви мислење за подготвеноста на Македонија да започне преговори за членство.

„Улогата на комисијата е да ги разгледа сите аспекти на апликацијата и да подготви извештај во кој ќе бидат наведени сите прашања како позитивни, така и негативни, бидејќи проценката не се фокусира само на негативните страни туку и на позитивните. Врз основа на таа проценка земјите членки ќе имаат доволно елементи да започне дискусија околу членство,“

вели заменик-портпаролот на вискоиот европски пратеник Хавиер Солана, Луиз Морин. По позитивното мислење на комисијата процедурата предвидува испраќање на прашалник кој содржи од две и пол до три илјади прашања кои се однесуваат на широк спектар информации за личната карта на земјата – од политичкиот сѕстем, законодавството, администрацијата па се до економската и социјална состојба. Одговорните се оценуваат согласно таканаречените критериуми од Копенхаген, а тие подразбираат: стабилност на институциите што овозможуваат правна држава, демократија, почитување на човековите и малцински права, пазарна економија, способност на стопанството да го издржи економскиот притисок на европскиот пазар и способност на земјата да ги преземе обврските што произлегуваат од членството. Од овие критеримуми за почеток на преговорите за членство клучни, се всушност политичките вели комесарот за европско проширување Јанез Поточник:

„Политичките се предуслов а сите останати се решаваат чекор по чекор. Доколку се решаваат побавно се разбира преговорите трајат повеќе.“

вели Поточник

Откако ќе започне процесс на преговори, односно откако одговорите на прашалникот добијат зелено светло, Македонија добива статус на земја кандидат. Од тој момент на земјата и се отвораат структурните фондови и други инструменти што треба да и го олеснат процесот на реформи и прилагодување на европските стандарди. Но, сево ова доколку Македонија добие зелено светло по прашалникот чие пристигнуивање се најавува најдоцна до септември.
XS
SM
MD
LG