Достапни линкови

logo-print

Убиен шефот на ирачкиот владин совет Абдул Захра Мохамед


Во експолозија на автомобил бомба пред контролно место на американска база во Багдад загинал шефот на ирачкиот Владин Совет Абдул Захра Мохамад, соопштија ирачки официјални лица. Ова е второ убиство на член на владиниот совет во Ирак од минатата година.

Абдул Захра познат и како Изедин Салем загина заедно со уште најмалку девет лица во експлозијата.

„Веруваме дека станува збор за самоубиствен бомбашки напад, од индивидуалец – терорист кој исто така загина во експлозијата.“

Тој беше преседавач на Советот ротирачка позиција и неговото убиство, според новинските агенции, е уште еден удар врз американските напори за стабилизација на Ирак пред предавањето на власта на ирачаните на 30 јуни. Инаку Агенциите јавија дека во текот на ноќта имало судири меѓу коалиционите сили и милитантите на Маоктада Ал Садр во неколку ирачки градови при што во Насирија загинал еден италијански војник, а јужно од Багдад еден американски војник. Денеска судирите продолжиле вио Насирија и Карбала. Соединетите држави, според извештаите, размислувале да префрлат дел од своите трупи од Јужна Кореја во Ирак.
XS
SM
MD
LG