Достапни линкови

Аман: Светски Економски Форум


Стотици политичари и бизнисмени учествуваат на три дневниот Светски Економски Форум што се одржува во главниот град на Јордан – Аман. На врвот на агендата е израелско – палестинскиот конфликт и реформите на Блискиот Исток. Денеска учесниците се фокусираат на ситуацијата во Ирак во очи предавањето на власта на ирачаните на 30 јуни. Американскиот државен секретар Колин Пауел во вчерашното обраќање рече дека коалиционите сили ке останат во Ирак и по 30 јуни со цел во соработка со новата влада да креираат безбедна средина за изборите во јануари идната година.
XS
SM
MD
LG