Достапни линкови

logo-print

Багдад: Продолжуваат борбите во неколку ирачки градови


Во неколку ирачки градови денеска продолжуваат борбите меѓу сојузничките трупи и приврзаниците на шиитскиот клерик Моктада Ал Садр. Во Карбала американските трупи возвратиле на нападот со ракети од изутрината, а во Насирија бунтовниците се судриле со итлијанските трупи. Британската војска соопшти дека во Басра тројца ирачки цивили биле убиени, а тројца други се повредени кога напаѓачите истрелале ракети врз британскиот воен камп и околината на цивилната област.
XS
SM
MD
LG