Достапни линкови

Соња Ганди ќе стане нов премиер


Соња Ганди, еднаш наречена од политичките ривали како италијанска кучка ќе стане нов премиер на Индија. Последните избори ставија крај на дебатата дали тоа што таа е родена во странство ќе и попречи на нејзината желба да ја раководи една од најголемите демократии во светот, како што се нарекува Индија.

Како ќерка на католик и градежник Соња Ганди Маино е родена пред пеесет и седум години во северното италијанско гратче Орбасано во близина на Торино. Сега таа треба да ја преземе премиерската функција во Индија.

„Конгресната партија ќе го преземе раководството што покажува дека нашата земја има силна и стабилна секуларна влада како порано.“

Изјави Соња Ганди во Њу Делхи откако стана јасно дека нејзината партија победи на сложените и долги општи избори во таа земја. Со тоа Соња која е вдовица на поранешниот индиски премиер Раџив Ганди, како што сметаат аналитичарите, на власт во Индија се враќа династијата Нехру Ганди. Ако Соња ги следи чекорите на нејзината свекрва Индира, тогаш таа по се изгледа поминала долг пат на трансформација од италијанска жена во традиционална идијка. Пред прв пат како сопруга на Раџив во далечната илјада деветстотини шеесет и осмата година да пристигне во Индија таа, како што велеше подоцна, имала матана слика за таа земја како земја на змии, слонови и џунгли. Во илјада деветстотини осумдесет и третата добива индиско државјанство, но се до атентатот врз нејзиниот сопруг во деведесет и првата Соња немаше никакви политички амбиции. Ете сега е на патот да стане индиски премиер. Сепак има индијци кои не се ентузијасти во врска со идејата Соња Ганди да ја предводи владата

„Не мислам дека Соња може да биде добар премиер. Но што можеме да правиме? Ни се допаѓа тоа или не, таа ќе стане тоа.“

Вели за Ројтерс еден од жителите на Њу Делхи. Аналитичарите сметаат дека успехот на Конгресната партија делумно е резултат од желбата на индијците, посебно оние посиромашните, за промени. Токму за нив таа претставува спасител. Има и такви аналитичари кои одат дотаму што велат дека успехот на Соња покажува колку се отворени и толерантни индијците и покрај нивната длабоки верски убедувања. Од друга страна реакциите на нејзината победа во родната Италија не се така еуфорични. Но, некои италијанци се задоволни. Така, потсекретарката за надворешни работи Маргарита Бонивер вака го искоментира успехот на Соња Ганди. Ура. Конечно италијанка како премиер. Во мојата земја тоа досега не се случило.
XS
SM
MD
LG