Достапни линкови

logo-print

Најчести повреди на човековите права во судството и полицијата


Несоодветнодо постапување на државните институции и јавните претпријатија е причина за кршење на човековите права, оценуваат во Хелсиншкиот комитет и народниот правобранител:

„Основните проблеми коишто ние ги воочивме се многу слабо почитување на правилата и процедурите на формално предвидените законски правила и процедури од страна на институцииите. Во овој предел доаѓа до најголема неможност да се заштитат човековите права и слободи. Истото тоа важи и кога станува за прекршувањата во рамките на работните односи, меѓутоа уште повеќе во делувањето на полицијата и делувањето на судовите,“

изјави Мирјана Најчевска, претседател на Хелсиншкиот комитет.

Народниот правобранител, Бранко Наумовски вели дека податоците од оваа институција исто така покажуваат оти во значителен број случаи, повредите на човековите права ги направиле вработени во службите во министерсвата. Притоа, тој посочува дека кон интервенциите на правобранителот, најнеодговорен однос имало Министерството за финансии, потоа следат Министерствата за труд и социјала и за внатреашни работи. Од работата на правобранителот, Наумовски вели оти може да се заклучи:

„Граѓаните своите уставни и законски права пред органите на државната управа и другите органи сеуште бавно ги остваруваат преку долги судски постапки во кои сеуште има присутни појави на злоупотреби, непочитување на законската регулатива, и субјективизам во комуницирањето и однесувањето на државните службеници со граѓаните.“

Најчевска информира во кои области најчесто се кршат човековите права:

„Во сферата на работните односи, значи, луѓето најмалку заштитени се чувствуваат во оваа сфера. Било да се работи за луѓе вработени во државните структури, било да се работи за луѓе вработени во приватната сфера. Исто така, во Хелсиншкиот комитет многу се јавуваат луѓе коишто се жалат на односот на полицијата и решавањето на нивните постапки во рамките на судовите.“

Граѓаните пак велат дека ретко или воопшто не се обраќаат до правобранителот, бидејќи сметаат дека нема доволно ингеренции да им помогне:

„Еднаш се обратив до народниот правобранител, меѓутоа немаше никаков ефект.“
XS
SM
MD
LG