Достапни линкови

Одобрени 50 милиони долари од Светската Банка


Одобрениот заем од Светската Банка во висина од 50 милиони американски долари, е само дел од вкупно 165-те милиони кои оваа меѓународна финансиска институција се одлучи да и ги одобри на Македонија. Оваа финансиска инекција е наменета пред се за реформите во јавниот сектор, социјалата и здравството. Правилното искористување на одобрените средсва ќе значи и влечење на преостанатите 115 милиони американски долари. Условите на одобрениот заем се поволни, тврди заменик министерот за финансии Димко Кокаровски:

„Средствата се одобрени на 17 години, со грејс период од пет години и стандардна камата.“

Од вкупно одобрените 50, 30 милиони американски долари ќе бидат наменети за буџетска поддршка при спроведувањето на реформите во јавниот сектор. Предвидено е средствата да бидат одобрени на две рати, односно во две транши:

„Првата транша е во износ од 10 милиони долари и ќе биде на располагање веднаш по ефективноста на кредитот, и ќе биде кофинансирана со седум милиони долари грант од Холандија. Втората транша во износ од 20 милиони долари ќе биде на располагање по исполнувањето на условите предвидени за таа транша.“

За подобрување на ефикасноста на системот за социјална заштита, Светската Банка одобри 9,8 милиони долари:

„Со овој проект ќе се подобри ефикансноста на постоечкиот пензиски систем, во делот на наплата на придонесите, и ќе се зголеми капацитетот на агенцијата за супервизија на првиот пензиски столб. Овој проект ќе се реализира во период од пет години.“

Со цел подобрување на здравствените услови, од вкупно 50, светската банка одобри 10 милиони американски долари:
„Со цел да се подобри управувањето со средсвата и управувањето со здравствените услови,“

вели Димко Кокаровски, заменик министер за финансии.
XS
SM
MD
LG