Достапни линкови

logo-print

Москва: Средба Путин - Рајс


Советничката за национална безбедност на американскиот претседател Џорџ Буш, Кондолиза Рајс денеска во Москва разговараше со рускиот претседател Владимир Путин. Како што е соопштено, главна тема била новата предлог резолуција на Советот за безбедност за дефинирање на улогата на Обединетите Нации во Ирак по 30-ти јуни, а било разговарано и за ситуацијата на Блискиот Иток и за американско – руските односи. Кодолиза Рајс утре ќе го посети и Берлин.
XS
SM
MD
LG