Достапни линкови

Багдад: Продолжуваат борбите меѓу сојузничките сили и бунтовниците


Во Ирак и денеска продолжиле борбите меѓу сојузничките сили и бунтовниците. Во судирите меѓу американските сили и приврзаниците на радикалниот шиитски лидер Ал Садр во Карбала загинале двајца бунтовници. Италијанските војници во изминатата ноќ во Насирија воделе битка со приврзаници на Ал Садр, но нема информации за загинати. Агенциите јавуваат дека во Наџаф денеска е мирно. Во меѓуреме, Соединетите Држави, Велика Британија, Италија, Јапонија, Полска и Австралија соопштија дека ќе ги повлечат своите сили од Ирак доколку тоа го побара привремената ирачка влада која треба да стапи на должност на 30-ти јуни. Сепак, американскиот државен секретар Колин Пауел оцени дека ќе нема такво барање.
XS
SM
MD
LG