Достапни линкови

logo-print

Расколот во ВМРО-ДПМНЕ ја засега севкупната политичка сцена во Македонија


Внетрешната борба во ВМРО ДПМНЕ без оглед на нејзината разврска го актуелизира прашањето и се заканува ли на македонската политичка сцена да остане без силна опозиција во ситуација кога власта во државава е практично во рацете на една политичка опција изразена преку доминација во владеачката коалиција:

„Настаните што се случуваат во опозицијата покажува дека ќе имаме многу слаба опозиција да може да ја контролира сегашната власт. Тоа во демократија е многу неповолна состојба, бидејќи власта повторно ќе биде без опозиција,“

вели политикологот Ѓорѓи Иванов.

Од друга страна во услови во кои Македонија функционира а кои се далеку од состојба на зрела демократија ситуацијата во која претседателот и владата како и собраниското мнозинство и припаѓаат на една партија или коалиција може да биде чекор повеќе кон ефикасноста во носењњето на одлууките и решенијата кои се поврзани со рокови , оценува професор Борис Давитковски:

„Мислам дека е подобро во овие услови да бидат од иста политичка линија, поради обврските што ќе ги земеме со аплицирањето, за хармонизација на нашето законодавство, за реформите што треба да се направат.“

Сепак одсуството на опозицијата поради нејзино исцрпување во внатрепартиската борба од една и неприфаќањето на изборните резултати од друга страна неминовно ќе се одразат на начинот на кој ќе се исполнуваат обврските превземени со рамковниот договор и евроатланските амбиции смета Иванов:

„Ќе имате веројатно перманентно оспорување на сите тие одлуки на опозицијата, а тие бараат што повисок консензус, со учество и на власта и на опозицијата.“

Потребата од консезус е потреба од избегнување мајоризација во носењето одлуки што се од национално и државно значење вели професор Гордана Сиљановска:

„Тука немаме норма, тука ни треба добар обичај, ни треба етика и свест, дека демократија нема без противтежа.“

Намењето на таа противтежа ќе биде регистрирано додава Иванов:

„Затоа што во демократија, се што правите мора да биде под контрола. Или на опозицијатам, или на јавноста. Бодејќи нашата јавност е поделена по партиска и етничка линија, слаба ви е опозицијата, и ќе ги добивате овие оценки што сега ги имаме во извештаите, кога се цени степен на слобода на медиуми, степен на демократски развој и слично.“
XS
SM
MD
LG