Достапни линкови

logo-print

Новото и старото раководство со меѓусебни обвинувања за поразот на претседателските избори


Откако Никола Груевски е лидер на ВМРО-ДПМНЕ, не се мешав и не влијаев на ниту еден негов потег. Дури, ни кога беше сигурно дека ги напушта изборните принципи и програмски основи на партијата, одговори на вчерашните обвинувања на Груевски почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски. Тој во писмената изјава, признава, оти му посочил на Груевски дека е невозможно Кедев да победи на претседателските избори. Останува непријатна реалност, дека Бранко Црвенковски во наредните пет години ќе биде претседател на нашата држава, благодарение на проценките на Никола Груевски и активностите на изборниот штаб на Кедев, се вели меѓу другото во писмената изјава на Георгиевки.

„Кога се нафатив на оваа фунцкија, се нафатив под услов и добивање ветување од Георгиевски дека нема да се меша во работата на новото раководство. Тој го прекрши ова ветување. Во последните денови пред вториот круг, имав чувство, на човек кој се движи со забиен нож во грб од човек кој го сметал за пријател и од кој најмалку очекувал такво нешто.“

Вака гласеше вчерашната изјава на Груевски од која потоа се огради пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Инаку, што се однесува на политичкото крило на Доста Димовска и Марјан Ѓорчев, тие за сега се воздржуваат од коментар за последните случувања во ВМРО-ДПМНЕ. Партиското раководство треба веднаш да реагира и да свика вонреден конгрес, за да се спречи продлабочувцањето на фракционерството во партијата, сметаат експертите. Тие објаснуваат оти во случајот на фракционерство, треба или да ја вклучи или целосно да ја исклучи од партијата. Но, сепак за еден ваков чекор сметаат експертите треба да се согледа и расположението на партиското членство:

„На партиското раководство и членство е да согледа на кој начин да се тргнат негативните елементи во партијата со цел таа да живее без поголеми турбуленции. Како тоа ќе се одрази во ВМРО-ДПМНЕ тоа е работа на раководството и не членството. Претпоставувам дека ќе имаат вонреден конгрес, претпоставувам дека тоа ќе биде на дневен ред и дека членството ќе одлучи што ќе се прави во иднина,“

вели Тања Каракамишева, доцент по политички систем на правниот факултет.
XS
SM
MD
LG