Достапни линкови

Дамаск: Санкциите на САД против Сирија се неоправдани


Санкциите што Соединетите Држави вчера ги воведоа против Сирија се неоправдани, оцени во Дамаск сирискиот премиер Мухамед Наџи Отри. Тој сепак изјави дека санкциите нема да имаат влијание врз неговата земја. Отри го повика Вашингтон повторно да ја разгледаат одлуката и да не провоцираат проблеми мешу двете земји. Соединетите Држави соопштија дека воведуваат санкции против Сирија поради тоа што таа земја го поддржува тероризмот, развива оружје за масовно уништување и ја попречува обновата на Ирак.
XS
SM
MD
LG