Достапни линкови

Внтарепартиски превирања во двете најголеми политички партии


Внатре партиските превирања во двете најголеми политички партии во земјава СДСМ и ВМРО ДПМНЕ за време на претседателскиата кампања а и потоа се се поочигледни.

По поразат на претседателските избори крилото на Доста Димовска бара оствка на актуелното раководство на партијата, почесниот лидер повика на апстиненција, додека екс министерот за Внатрешни Љубе Бошковски со неговите приврзаници ги бојкотираше. Но во партијата велат внатрепартиските односи се стабилни и дека не постои можност за некакви поместувања во ВМРО ДПМНЕ.

Во СДСМ пак по повлекувањето на Црвенковски за празното лидерско место во партијата се отвараат апетите на повеѓе истакнатаи лица во партијата. Тито петковски се посочува како човек кој се обидува да ги замати сметките на останатите конкуренти односно луѓето на Црвенковски:

„Луѓе кои се бават со политика треба да имаат амбиции, инаку треба да престанат да се бават со политика.“

Повлекувањета Георгиевски од лидерското место по парламентарните избои а сега и Црвенковски само по себе зборув за големо поместување во политичката сцена во земјава сметаат експертите

„Мислам дека новите луѓе, односно старите луѓе на нови позиции, ќе мора да произведат и нови идеи, дали сега тие идеи ќе бидат свежи, дали идеите ќе помогнат на забрзувањето на демократските процеси во партиите останува да почекаме, јас би сакал сепак партиите да мрднат од местото и да размислат во кој век функционираат. БидејќИ според структурата И онака како што до сега функционираа тие се едни конзервативни партии без разлика на која страна од политичката сцена се наоѓаат,“

вели публицистот Ѓунер Исмаил според кој крилото на Доста Димовска која е еден од основачите на ВМРО ДПМНЕ е таа што во моментот нуди нови и свежи идеи за оваа партија

„И тоа е дел во којшто всушност има најмногу нови и свежи идеи и покрај тоа што станува збор за луѓе долго присутни на внатрепартиската сцена на ВМРО-ДПМНЕ,“

Но, не е така во СДСМ.

„Сеуште не можам до крај да ги идентификувам луѓето коишто ќе мораат да ги остварат новите процеси И ќе мораат да му објаснат во кое време живее. Тој на крајот на краиштата е стар И добар прагматик И ќе мора да разбере дека во СДСМ ќе мора да допушти нови процеси.“
XS
SM
MD
LG