Достапни линкови

Судење на првиот американски војник обвинет за злоупотреба врз ирачките затвореници


На првиот од седум те американски војници обвинети за злоупотреби врз ирачки затвореници во затворот Абу Џираиб ќе му се суди на 19 мај. Процесот ке биде јавен и ќе се одржи во таканаречената ,,зелена зона,, заштитениот комплекс на американскиот штаб во Багдад. Објавените фотографии предизвикаа огорченост и осуда во меѓународната заедница, а секретарот за одбрана Доналд Рамсфелд се соочи со барање за негова оставка.

Специјалецот Џереми Сивиц се соочува со неколку обвиненија кои можат да му донесат казна максимум една година затвор и отказ од армијата, изјави бригадниот генерал Марк Кимит.

„Трите обвинувања против специјалецот Сивиц се – заговор за малтретирање, пропусти, негрижа и неуспех да ги заштити затворениците од злоупотреби, потоа за суровост и малтретирање и малтретирање на затвореници.“

Објавените слики за малтретираните ирачки затвореници мината недела предизвикаа осуда во светот. Џереми Сивиц е полесен случај, додека другите обвинети можат да се соочат со општ суд а не со специјален воен како во овој случај. Тој суд може да изрече неколку казни за разлика од воениот суд. Меѓутоа се проценува дека неговото судење може да обезбеди докази за другите процеси, односно случаи за кои есе верува дека се уште по неморални. Американските власти се надеваат дека со процесите ке демонстрираат одговор на скандалот кој ја загрозува нивната мисија во Ирак, но и шансите за реизбор на Џорџ Буш на престојните претседателски избори во Соединетите Држави. Меѓутоа, овие процеси не задоволуваат многу од ирачаните кои на улиците на Багдад зборуваа за Ројтерс. Мохамед Фахдил е еден од нив.

„Ним би требало да им судат ирачки судови, а не американски суд. Ние ова го одбиваме.“

Меѓународниот Комитет на Црвениот крст односно директорот на организацијата во Женева изјави дека злоупотребите биле систематски и не се едноставно резултат на индивидуални акти. Симон Херш од магазинот Њу Јоркер кој е еден од репортерите кои ја објавија приказната изјави дека верува оти злоупотребите се резултат на политика на повисоко ниво вклучувајки го и државниот секретар Доналд Рамсфелд кој пак се соочи со повици за негова оставка. Американските законодавци изјавија дека уште други по одвратни слики треба да се објават и оти со армиската истрага треба да бидат опфатени и повисоки нивоа. Војникот Сивиц куму ке се суди на 19 мај , инаку не беше распореден во Ирак како воен полицаец и не бил обучен за неговата улога во затворот. Неговиот татко за американските медуиуми запраша зошто му било дозволено на механичар да се справува со затвореници. Бригадниот генерал Кимит во Багдад изјави дека сите обвиненија ке бидат истражени.
XS
SM
MD
LG