Достапни линкови

Наџаф: Марш на стотици граѓани со барање Ал Садр да го напушти градот


Стотици граѓани на Наџаф маршираа денеска барајки од радикалниот шиитски клерик Моктада Ал Садр со своите милитанти да го напушти градот. Припадниците на неговата армија стрелале во воздух кога демонстрантите минале пред седиштето на Садр. Американските сили инаку во текот на ноќешните борби убиле 13 милитанти на Моктада Ал Садр, а 14 други се ранети во борбите во близина на Куфа, јавија агенциите. Ирачката полиција пак соопшти дека во експлозија на бомба на пазарот во Киркук загинале три, а се повредени 23 лица. Денеска е нападнат цивилен конвој на патотот од Јордан кон Багдад, при што се уништени неолку возила. Руските агенции јавија дека еден руски работник е убиен а двајца се земени како заложници вчера во Багдад.
XS
SM
MD
LG