Достапни линкови

Македонија чека официјален одговор од Хрватска


Македонското и хрватското законодавство се слични и не дозволуваат домашни државјани да бидат екстрадирани во друга земја велат правните експрти, коментирајќи ја можноста дали екс министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски би можел да биде екстрадиран од Хрватска во Македонија:

„Тоа е општо прифатливо правило во меѓународното казнено право, и од таквата забрана за екстрадиција постои само еден исклучок кога се работи за меѓународни злосторства за кој е надлежен постојаниот Меѓународен казнен суд, кога државата е должна е да го испорача осомничениот на Меѓународниот суд. Меѓутоа во овој случај се работи за друга ситуација за дело за кое се сомнева дека е извршено кај нас, а осомничениот се наоѓа во друга држава и е државјанин на таа држава. Оттука Хрватска во овој случај ќе постапи на тој начин што: доколку евентуално ако биде покрената било каква иницијатива, би одбила барање за екстрадиција.“

изјави профсорот Владо Камбовски. Постои друг инструмент кој е прифатен во европските држави, а постои и европска конвенција за заемно отстапување и преземање на казненото гонење кое е го познава и Хрватското и македонското закодавство, вели Камбовски:

„Судот на онаа држава во која се претпоставува дека е извршено казненото дело, бара од државата каде што се наога сторителот на делото кој е нејзин државјанин, да го преземе казненото гонење и да ја води постапката според своите национални закони. Мислам дека овој случај треба да биде преземен, и хрватските судови да постапуваат според својот казнен законик, но тоа веке не би било работа на нашите органи.“


Но, и покрај тоа македонските надлежни интитуии не со отјкажуваат од намерата да бараат кстрадиија на Бошковски. Министерот за Правада Иџет Мемети денеска очекуа официјална потврда од хрватските власти дека Бошковки се наоѓа на нивна територија, за да почне постапката за негова екстрадициа.

„Факт е дека за него судовите во РМ имаат распишано потерница иза територијата на РМ и за надвор. Ние треба да добиеме известување од надлежните органи во Хрватска дека тој се наоѓа таму и согласно нашите прописи ке бараме негова екстрадиција.“

Нејасно само останува како Бошковки успеал да ја премине македоснаката граница, и зошто тоа му е дозволено. Од МВР велат дека Бошковски границата не ја преминал со македонка патна исправа, не отфрлајки ја можноста тој тоа да го направил со хрватски пасош кој и го поседува.
XS
SM
MD
LG