Достапни линкови

Се чека официјално известување од Хрватска дека Бошковски е таму


Македоснкото министерство за правда чека офијална потврда од хрватските васти дека екс министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски се наоѓа на нивна територија по што ѓе започне процедурта за негова екстрадиција, изјави за Радио Слободна Европа министерот за правда Иџет Мемети:

„Сеуште ние немаме официјална информација каде тој се наоѓа. Меѓутоа, факт е дека за него судовите во Република Македонија имаат распишано потерница и за Република Македонија и за надвор. Исто така, факт е дека органите го бараат, ние ако добиеме, а треба да добиеме известување од органите на Хрватска дека тој е таму, тогаш согласно нашите прописи ќе бараме негова екстрадиција за да почне судскиот процес во Република Македонија.“

Во МВР велат дека целосната документација за случајот раштански Лозја веќе е предаден на Истраниот судија и понатамошната процедура ја води Министерството за Правда.

Сеуште не е утврдено како Бошковски успеал да ја премини македонската граница и да стигне до Хрватска:

„Со патна исправа издадена од Република Македонија не поминал граничен премин, на кој начин го поминал, тоа ќе се утврдува дополнително,“

вели портпаролот на МВР Мирјана Контевска. Инаку Хрватките власти во изјава за медиумите потврдија дека Љубе Бошковски се наоѓа на Хрватска територија и дека ја чекаат потребната документација од македонските надлежни институции за да почне процедурата за негово апсење и екстрадиција.
Инаку Бошковски е осомничен за случајот раштански Лозја кој се случи во март 2002 година при што беа убиени 7 странски држвјани 6 пакистанци и еден Индиец
XS
SM
MD
LG