Достапни линкови

Судан се соочува со хуманитарна катастрофа


Хуманитарните организации јавуваат дека Судан се соочува со хуманитарна катасрофа додека на западот на оваа африканска земја продолжува протерувањето на илјадници луѓе. За катастрофата што зафати над милион луѓе е извесетн и Советот за Безбедност на Обединетите нации.

Кризата започна пред една година кога вооружени арапски номади започнаа напади врз црнечките африкански селани. Напаѓачите со коњи и камили убија илјадници фармери во кампањата на теророт. Владата на Судан пред еден месец потпиша договор за прекин на огнот со две домородечки групи кои презедоа бунт поради маргинализација на луѓето од овој регион Дафур, претежно црнечкото домородечко население. Арапските милитанти во меѓувреме почнаа напади за да возвратат на бунтот. Според извештаите доминантната арапска влада во Картум ги спонзорира арапските милитанти. Обединетите Нации ја повикаа владата да го запре насилството. Официјален Картум пак ги негира обвинениата и тврди дека се обидува да го врати редот и мирот. Како резултат на нападите околу 100 лица пребегаа во соседен Чад, а околу милион се раселени во западниот дел на Судан. Џорџ Унгуа од Амнести Интернешенел во меѓувреме вака ја опишува ситуацијата.

„Ситуацијата во Дафур и во бегалските кампови по должината на границата со Чад е очајна и покрај прекинот на огнот од 8 април. Амнести Интернешенел и натаму добива извештаји за кршење на човековите права од милитантите и владините сили, вклучувајки убиства и бомбардирање на цивили.“

Запирање на насилствата од суданската влада и влез за хуманитарните работници во Дафур минатиот месец побара и америкабнскиот претседател Џорџ Буш. Официјален Картум со одговор до Вашингтон да, како што е речено, не лее крокодилски солзи а истовремено ги затвора очите пред злоупотребите што американските војници ги правеле врз невини цивили во Ирак. Во меѓувреме и Хјуман Рајтс Воч го обвини Картум и милитантите за намерна кампања за отстранување на црнечкото население од Дафур. Арч Пудингтон од американскиот Фридом Хаус за радио Слободна Европа изјави дека верува оти погледот на меѓународната заедница ке се изостри кон случувањата во Дафур.

„Сметам дека Судан го сврте критицизмот само времено од ова големо прашање. Имате беглаци во соседните земји и истрага на Обединетите нации за Дафур. Судан не може заскогаш да го одлага ова прашање.“

Имено организациите за човекови права стравуваат дека преокупацијата со настаните во Ирак го одвлекува вниманието од Судан.
XS
SM
MD
LG