Достапни линкови

Рамсфелд целосно ја презема одговорноста


На сослушувањето во американскиот Конгрес во врска со злоставувањето ирчаки затвореници од страна на американските војници, секретарот Доналд Рамсфелд изјави дека се чувствувал многу лошо поради сето она што го претрпеле тие.

„Во изминативе денови, имаше многу дискусии за тоа кој ја сноси одговорноста за овие ужасни активности во затворот Абу Граиб. Тие се случија во моментот кога јас ја извршувам функцијата секретар на одбраната. Јас сум одговорен за нив и јас целосно ја преземам таа одговорност,“

рече Рамсфелд кој додаде дека постојат уште многу фотографии и видео касети кои не се објавени, а на кои е снимено како американските војници ги малтретираат затворениците во Ирак. Тој изјави дека поради тоа побарал формирање специјална комисија која ќе го испита целиот случајот. Рамсфелд на сосулушувањето обелоденувајќи дека пропуштил да го информира претседателот Џорџ Буш сепак рече дека нема намера да си поднесе оставка. Тоа претхоно го побараа голем број претставници на опозиционата Демократска партија.
XS
SM
MD
LG