Достапни линкови

Спорот околу граничната линија ќе се реши кога ќе се создаде поволна политичка клима


Спорот околу демаркацијата на граничната линија во делот кон Косово ќе се реши кога ќе се создаде поволна клима за тоа, изјави во Скопје косовскиот премиер Бајрам Реџепи, по неформалната средба со македонскиот министер за одбрана Владо Бучковски:

„Ние немаме проблеми во комуникација ниту гранични пропблеми, затоа сега се концентриравме на по приоритетните работи кои се од заеднички интерес. Демаркацијата на границата е заедничка работа и тоа ќе го решат нашите заеднчките комисии на најдобар можен начин, и во одреден временски период. Тоа ќе се случи кога ќе оцениме дека е создадена добра клима од двете страни, никој од нас не е за подигање на тензиите. Кога ќе оцениме дека сега е поволниот момент ние тоа ќе го решиме како добри соседи кои треба добро да соработуваат меѓу себе,“

изјави косовскиот премиер Бајрам Реџепи.

Многу брзо ќе биде решен овој проблем кој постои само на хартија, рече мининистерот за одбрана Бучковски:

„Јас сакам искрено да ве уверам дека многу скоро на обострано задоволство ќе биде решен и овој проблем кој постои на хартија, треба да се избере погодниот политички момент, ако е тоа изборите на Косово во октомври.“

Конечниот статус на Косово е прашање кое треба да го решат Приштина и Белград со посредствиоо на меѓнародната заедница вели Бучковски:

„Македонија бара да се респектира нејзината позиција дека финалниот статус на Косово не треба да задира во нејзиниот терититоријален интегритет. Тоа и на оваа средба ми го пренесе, како негов личен став и став на привремената косовска влада и господинот Реџепи.“

„Македонија е многу блику до членсто во НАТО, а истоврмено е апликант за членство во Унијата, а тоа е и во интерес на Косово,“


реџе Реџепи, кој ја потенраше потребата што е можно побрзо да се отвори Канцеларија за Економски прашање на Македонија во Косово:

„Од големо значење е отварањето на една канцеларија на Економската Комора бидејки постои голема соаботка меѓу двете страни во областа на трговијата. Пред се ние увесуваме стока од Македонија или пак преку Македонија и затоа од заемен интерес е отварањето на вакви канцеларии а во пдоцнежната фаза зашто и да не се отворат и канцеларии за врски меѓу двете земји.“
XS
SM
MD
LG