Достапни линкови

Наџаф: Американските сили распоредени на главните позиции околу градот


Американските сили се распоредени на главните позиции околу ирачкиот град Наџаф, по вчерашните престрелки во соседното место Куфа во кои, според американски извори, биле убиени 40 бунтовници, лојални на Моктада Ал Садр. Инаку, вчера преку аудио снимка за која се вели дека е со гласот на Осама Бин Ладен, лидерот на Ал Каида понуди награда во злато за убиство на американскиот администратор во Ирак Пол Бремер, генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан и неговиот пратеник во Ирак Лахдар Брахими.
XS
SM
MD
LG