Достапни линкови

Батуми: Обраќање на грузискиот претседател Сакашвили


Грузискиот претседател Михаил Сакашвили денеска им се обрати на насобраните луѓе во Батуми, главниот град на Аџарија откако соопшти дека лидерот на таа автономната покраина Аслан Абашиѕе дал оставка и избегал. Сакашвили им се заблагодари за поддршката што тие му ја дадоа во дводневните тензии со Абашиѕе кој не ја признава грузиската влада. Агенцијата Итар тас јави дека Абашиѕе пристигнал во Москва, откако заедно со шефот на рускиот совет за национална безбедност Игор Иванов го напуштил Батуми. Грузиската влада денеска ја истакна големата улога на Москва во мирното решавање на кризата во Аџарија.
XS
SM
MD
LG