Достапни линкови

Расправа за пратеничкиот имунитет на Љубе Бошковски


По одлуката на собраниската Комисија за мандатно Имунитетни прашања за одземање на пратеничкиот имунитет на Љубе Бошковски , денеска и пратениците на Собраниска седница со апсолутно мнозинство треба да му го одемат имунитетот на пратеникот Бошковски, односно да ја потврдат одлуката на собранската Комисија.

Постапката за одземање на имунитетот е по барање на Јавниот Обвинител на Скопје поради случајот Раштански Лозја во кој животот го загубија 7 лица, 6 пакистанци и еден индиец. МВР тврди дека се работи за монструозно сценарио на тогашното раководство на МВР на чело со министерот Љубе Бошковски.

Сопартијците на Бошковски сметаат дека се работи за искоструирана постпка и одлуката на Комисијата треба да биде прогласена за ништовна.

„Ова значи пак ќе повторам, јасно зборува за исконструирана постапка, не би рекол случај, би рекол постапка, однапред смислена како да се направи сето тоа, меѓутоа сметам дека се фативте во замка. Јавниот обвинител децидно наведува во своето барање, дека треба Собранието да превземе дејства предвидено со Деловникот. Тој значи навлегува во интерните акти на Собранието, што јасно зборува дека овае исконструиран случај. Господинот Стерјо Зиков, како јавен обвинител на град Скопје, го интересираат Уставот и законите, воопшто не треба да наведува во Деловникот, значи посочува мора да одлучите според деловникот инаку работата нема да биде онака како што треба да биде,“

изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ Коце Трајановски.

Инаку вчера беше распиша меѓународна и национална потерница за присилно приведување на ексминистерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски во врска со случајот "Раштански Лозја". Адвокатите на Бошковки тврдеа дека тој е веќе е приведен од страна на полицијата но не с зна локацијата каде тој се наоѓа. од МБВР ваквите тврдења ги демантираа. Портпаролката на МВР, Мирјана Контевска изјави дека ова е уште еден обид да се изманипулира македонската јавност и медиумите од страна на адвокатите на Љубе Бошкоски.
XS
SM
MD
LG