Достапни линкови

Рим: Претседателката на РАИ поднесе оставка поради политички мешања


Претседателката на Италијанската Државна ТВ Мрежа РАИ Луциа Анунзиата поднесе оставка поради политички мешање врз работата на куќата. Анунзиата изјави дека веќе не може да ја извршува својата работа, затоа што РАИ била, како што рече, окупирана од подржувачите на премиерот Силвио Берлускони. Подржувачите на Берлускони негираат дека тој се меша во работата на РАИ. Инаку семејството на италијанскиот премиер е сопственик на главниот ривал на РАИ, приватната ТВ Мрежа Медиасет.
XS
SM
MD
LG