Достапни линкови

Кој е надлежен за одземање на имунитетот на пратеникот?


Експертите сметаат дека целата процедура на одземање на имунитетот на пратеникот Љубе Бошковски е спорна, бидејќи постапката ја покренува истражниот судија, а не министерството за внатрешни работи или пак јавното обвинителство

„Постапката дали е законска или не, веќе е сосема друго прашање, бидејќи и тука, не се појавува истражен судија, туку се појавува, јавното обвинителство или министерството или уште не знам кој. Па, мислам дека е добро целата оваа работа да се заврши со поставувањето на прашањето на одземањето на имунитетот на пратеникот во самото Собрание, за што е потребно, ми се чини, апсолутно мнозинство,“

изјави Саво Климовски, професор по Уставно право на правниот факултет. Експертите од областа на кривичната постапка пак укажуваат дека правните норми кои се однесуваат на вакви ситуации не се доволно прецизни:

„И судот и обвинителствтото може да бараат да се симне имунитетот, и доаѓаме до една најкритична точка во конкретниов случај, а тоа е дали кога не е на заседание собранието, дали мандатно - имунитетната комисија може да му го одземе имунитетот на пратеникот. Мое мислење е дека комисијата тоа нема право да го прави од следнава причина: во поранешна Југославија, тоа беше прдвидено во Уставот, односно кога Собранието не е во заседание, Уставот го предвидуваше тоа на комисијата, и тоа така одеше. Вакво овластување во нашиот устав нема, а комисијата си го дава тоа право по деловникот по аналогија од поранешните решенија што не е во ред, бидејќи уставот предвидува единствено за потешки дела ги одредува исклучоците кога може да се притвори без одобрение од Собранието, така што оваа варијанта, по мене, е уставно исклучена,“

вели Гордан Калајџиев од Правниот факултет. Тој посочува дека судот во оваа ситуација треба да смета дека Собранието треба да го одземе имунитетот, а не Комисијата и додава:

„Исто сметам дека во овие ситуации судот на некој начин е врзан со правната логика која го забранува и присилното одземање на слободата на пратениците додека ја вршат функцијата пратеник.“

Калајџиев смета дека вакви ситуации се јавуваат поради толкувањето на Уставот во корист на државата, а помалку на граганите.
XS
SM
MD
LG