Достапни линкови

Тбилиси: Грузија бара помош од Русија за кризата во Аџарија


Грузискиот претседател Михаил Сакашвили побара помош од Русија во надминувањето на ескалирачката криза меѓу властите во Грузија и регионот Аџарија. Сакашвили му даде рок на раководството на Аџарија до следната среда да ги разоружа паравоените формации и да ги прифати грузиските закони. Лидерот на Аџарија, Аслан Абасхидѕе изјави дека е невозможно да се прифати ултиматумот и оти очекува војна. Соединетите Држави побараа од Абасхидѕе да ја разоружа пара-војската, а од Сакашвили да не употребува сила во решавањето на спорот.
XS
SM
MD
LG