Достапни линкови

Варшава: Оставка на премиерот на Полска


Еден ден по влегувањето на Полска во Европската Унија премиерот на таа земја Лешек Милер денеска поднесува оставка од функцијата. Тој претходно изрази ветување дека ќе си замине од владиниот кабинет кога Полска ќе стане членка на Унијата, откако во измнатиот период неговата влада беше критикувана за економски и корупциски проблеми. По оставката на Милер претседателот на Полска Александар Квашневски мандатот за состав на нова влада денеска му го довери на порнешниот минситер за Финансии Марек Белка, а оваа промена треба да ја потврди парламентот во Полска.
XS
SM
MD
LG