Достапни линкови

Донато Кијарини, шеф на делегацијата на Европската комисија во Македонија. Не се сомневам во исходот на македонското патување до ЕУ


Амбасадоре Кијарини како вие го доживувате големото проширување на Европската Унија со десет нови земји членки?

Мислам дека тоа е историско достигнување. Особено за луѓе како мене кои се сведоци на поствоените трауми и периодот на студената војна кога вакво нешто беше речиси неверојатно. Тоа е нова страница за Европа. Она што јас го гледам како можност е пренесување на тоа искуство на обединување на континентот, премостување на разликите и на другите делови од светот. Тоа е она што може да ја направи Европа драгоцена. Ширењето на тој модел. Мислам дека можеби клучното прашање е дали го следиме сонот на Жан Моне, основачот на идејата за обединета Европа. Ќе биде инетресно да го видиме одговорот на ова прашање и од новите земји членки. Сега во Унијата ќе имаме десет нови гласа, а тоа е голем кворум. Исто така не треба да заборавиме дека во наредните неколку недели најверојатно ќе дојдеме до делот од легислативата што недостасува, без оглед дали ќе го наречеме конвенција или устав тој секако, барем се надевам, ќе претставува јасна декларација дека обединувањето на континентот е неповратен процес.

Каде е Македонија во таа голема европска приказна, во тој процес на обединување? Дали ги сметате за точни проценките дека со проширувањето на Европа политичкиот фокус на Унијата, досега насочен кон земјите од централна и источна Европа што станаа полноправни членки во иднина ќе биде свртен кон балканските земји?

Точно е во голема мерка, но не треба да заборавите дека постои агенда за Европската Унија која е мошне широка, не само за 15-те туку и за 25-те земји членки. Се разбира, Балканот или поточно поранешните земји на Југославија, минус Словенија, плус Албанија, се на агендата и добиваат зголемено внимание, но морам да кажам дека ние не чекавме да се случи проширувањето за да покажеме дека нашето внимание е свртено кон нив. И ако ми дозволите да ве корегирам дефиницијата за Балканот е мошне непрецизна, јас би го употребил терминот европски земји кои сеуште не се членки на Европската Унија. Тоа се земји кои се опкружени со европските членки како на пример Македонија која е сосед на Грција членка на Унијата. Со други зборови вие сте сосед на Европската Унија. Тоа се воедно земји кои се повеќе се поврзуваат со Унијата преку реформите што треба да ги направат. Тоа е мошне јасно прецизирано во заклучоците на самитот во Солун. Сега значи ние имаме инструменти, имаме европско партнерство со краткорочни и среднорочни мерки. На пример ја имаме апликацијата на Македонија и во истовреме го имаме позитивниот одговор за апликацијата на Хрватска. Тоа значи дека постои динамика. Ситуацијата се движи и се менува и веќе можеме да видиме оти постои јасен европски пат на кој некои земји се понапред, но конечната цел, е тука и сосема е јасна. Значи не само што постои интерес туку ние веќе мошне тесно соработуваме.

Зборот кој начесто се употребува кога се говори за приближувањето кон Европската Унија е зборот реформи . Но да бидеме конкретрни во последниот извештај на Европската комисија се посочува потребата од претстојни реформи во судството, на пример?

Би го сменил зборот претстојни со зборот итно потребни. Затоа што, дури и без европската перспектива сосема е јасно дека тие реформи се неопходни. На секој граѓанин му е јасно дека судството не функционира баш како што треба и оти тоа е неопходно независно од Европската Унија за општеството да може нормално да функционира. Унијата тука може да биде катализатор што ќе ги забрза стартот и спроведувањето на реформите. Но, од аспект на Унијата важно е реформите да бидат спроведени согласно европската легислатива. И сега веќе зборуваме за прилагодување на законодавството со она на Унијата. Тоа е мошне важно. И треба да појаснам дека ние не би збарувале за хармонизација на законите кога би станувало збор за некоја трета земја во Азија или Африка. Во вашиот случај притисокот е поголем затоа што вие решивте да бидете поблиску до Унијата, а за тоа да биде така конкретни работи мора да бидат направени.

Зошто кога говориме за реформи употребуваме постојано идно време, зарем ништо досега не е направено?

Доста работи се направени. На многу полиња реформите се направени, но на некои да речеме динамиката на нивно спроведување не е таква што сите би ги задоволила

Како ја оценувате економската ситиуација. Реформите во таа сфера постојано се посочуваат како важен предуслов за приближување кон Европа?

Оваа тема бара доста време за дискусија и се разбира јас не велам дека се знам но во секој случај еконосмската ситуација би требала да биде подобра. Ресурсите се присутни. Јас знам дека не е лесно да се носат одлуки особено поради наследството што го имаат поранешните југословенски републики. Можеби треба да се искористи потенцијалот на иселениците, а Македонија има доста луѓе кои во неа гледат земја на можности. Нив треба да им се даде шанса со легислативата и амбиентот да ја искористат својата креативност. Тоа би можело да ги отвори потенцијалите за новите бизнисмени бидејќи старите имаат тешкотии да се прилагодат на условите на пазарно работење, да се справат со конкуренцијата и слично. Јас знам дека ова не е лесен период, но со оглед на локацијата на земјата и нејзините ресурси економската ситуација секако би требала да биде подобра.
Во тој контекст, мислам на олеснување на законската регулатива и создавање бизнис амбиент, е претпоставувам и прашањето за странските инвестиции
За да привлечете странски инвестиции освен ова за што говорев треба да се сведат на минимум елементите на корупција. Едноставно треба да ги снема. И би рекол малку повеќе агресивност во претставувањето на потенцијалите на земјата во странство за да се привлечат странските инвестиции

Амабсадоре Кијарини да се вратиме на реформите и стравувањата дека тие ќе бидат забевени со оглед на двата изборни циклуса годинава . Претседателските избори завршија ни предстои формирање нова влада, промени на политичката сцена. А потоа и локални избори . Ќе загубиме ли многу време во година во која поднесовне апликација?

Времето потрошено на избори никогаш не е загубено. Изборите се израз на демократијата. Се разбира промените на политичката сцена можат да имаат влијание но ако говорам од аспект на европската перспектива со оглед на тоа што 95 насто од луѓето сакаат да одат во таа насока и со оглед на тоа што политичките партии со мали разлики ги потврдија таквите заложби тогаш не гледам дека се можни какви и да е големи промени. Се разбира негативната страна на изборите е тендецијата за запирање на функционирањето на институциите, но тоа е неизбежно. Како во случајот со штрајкот на наставниците тоа значи дека пропуштеното ќе мора да биде надокнадено. Во секој случај патот на реформите е мошне јасен, Европската Унија во своите препораки до оваа како и било која друга влада беше сосема јасна така што останува на парламентот, до секоја институција во земјава да ја исполни својата задача. И во случај на менување министри не гледам причина реформите или работата да запре. Се разбира доколку пропуштеното не се надокнади тогаш ќе дојде до серизно одоговлекување и забавување.

Во случајот со Македонија и нејзините релации со Европската Унија криетериум е и рамковниот договор, а кога станува збор за децентрализацијата одлагањата се очигледни. Дали тоа ве загрижува?

Добивам уверувања од голем број луѓе инволвирани во процесот дека дури ако треба собранието ќе го одложи летниот одмор за да се запазат роковите. Значи сите се свесни дека тие мораат да бидат испочитувани.

И за крај амбасадоре има ли простор за оптимизам на македонскиот пат до Европа?

Работиме, иако не можам да кажам дење и ноќе, но сепак работиме на остварување на таа цел. Јас немаше толку да бидам предаден на своите обврски да имам какво и да е сомневање во исходот на тоа патување.
XS
SM
MD
LG