Достапни линкови

Најголемо проширување на ЕУ во нејзината историја


Во десетте нови земји членки на Европската Унија прославите почнаа. Нивните лидери не го кријат задоволството од влезот во Унијата. И додека граѓаните во новите очекуваат многу, оние во старите членки остануваат скептични. Аналитичарите се пак, на мислење дека проширувањето ќе донесе нови проблеми во функционирањето на Европската Унија.

Поделбата на Европа како резултат од војните и спротивставените идеологии, со приемот на новите десет земји во Европската Унија, заврши. Во заедничка Европа сега ќе бидат уште седумдесет и пет милиони луѓе и тој број изнесува четиристотини и пеесет милиони. Претходното проширување на Унијата се случи пред девет години кога во неа влегоа Шведска, Финска и Австрија.

„Ова е најголемото проширување на Европската Унија и јасно е дека станува збор за историски насатан. Историски затоа што тоа е сигнал за крајот на Студената војна и за целосната промена на уредувањето на Европа.“

Вели Џејмс Волтсон, професор по политички науки во Американскиот Универзитет во Рим. Задоволството не го крие ни британскиот министер за надворешни работо Џек Строу.

„Гледаме нешто што јас искрени никогаш не мислев дека ќе го видам во мојот живот. Обединета Европа на силни национални држави кои заеднички работат врз партнерска основа.“

Сепак, професор Волтсон дека ваквото проширување би можело да доведе до извесни потешкотии во Унијата.

„Од една страна тоа е знак на реобединета Европа, на културно, политичко и економско поле. Но, од друга страна, тоа е почеток на многу тешка работа.“

Успехот на Европската Унија како економски ентитет е веќе докажан. Меѓутоа, проширувањето доаѓа во момент кога, според испитувањата на јавното мислење покажауваат дека Унијата ја губи својата популарност. Старите евро членки се загрижени поради очекуваната поплава на евтина работна сила од Исток и подигнаа, привремени барикади против миграцијата на работниците. Прашањето е дали Европската Унија може успешно да ги апсорбира новите членки или не. Ако се успее во тоа, тогаш Унијата ќе добие поважна улога на светската сцена, а ако не, како што велат експертите, ќе се претвори во некаков вид слободна трговска зона. Како и да е, сегашното проширување нема да биде и последно. Имено, Бугарија, Романија и Турција веќе се формални кандидати. Аналитичарот Петер Зервакис смета дека по ова проширување, Европската Унија ќе си даде извесно време пред да се реши да прими нови држави во своето членство.

„Ферхојген, комесарот на Европската Унија за проширување, изјави во едно интервју дека по вклучувањето на Романија и на Бугарија, мора да постои долг период на земање здив со цел Унијата да добие можност за политичка регенарција. Имено, се уште е далеку завршувањето на реформите кои се потребни Европската Унија да прерасне во успешно делотворно тело.“

Смета Петер Зервакис политички аналитичар во Бонскиот Универзитет за европски интеграции.
XS
SM
MD
LG