Достапни линкови

Загрозена егзистенција, експлоатација и безнадежнст


Правата секоја година се повеќе ни се намалуваат. Живееме во неизвесност, месецот го преживуваме, а не гледаме дека во блиска иднина нешто и ќе се смени, велат работниците на нивниот ден:

„Јас мислам дека не се почитуваат правата на работниците.“
„Многу малку се почитуваат правата на работниците.“
„Работниците се оставени на милост и немилост.“


зборуваат работниците.

Секоја година со затворањето на фабриките се намалува и бројот на вработените. Само за изминатите две години без работа останаа 30,000 работници кои во моментот се наоѓаат под Заводот за вработување. Сега за нив, единствен предизвик е да најдат начин како да го скрпат 1-ви со 30-ти до месецот:

„Нема каде да се вработиш, значи нема егзистенција, значи нема потешко нешто.“
„Многу е лошо, многу бедно, со страв, неизвесност.“


За незавидната положба во која се наоѓа работникот во Македонија, зборува и податокот дека во изминативе три години на 60,000 работници не им се подмирени придонесите за пензиско и инвалидско осигурување. Тие за сега се без визија дека нешто кон подобро ќе се промени:

„Нема ништо да се промени, може да биде полошо.“

Покрај ниската цена на трудот, посебен проблем е експлоатацијата којашто врз работникот ја вршат одделни работодавци, принудувајќи ги да работат, втора ги испраќаат да одат дома да јадат, за повторно да бидат ангажирани во третата смена.

„Наместо да работат пет дена во неделата, тие работат шест и седум дена во неделата, па и цел месец без прекин. Државата воопшто не води контрола, за времетраењето и за текот на 40 часовната недела. Земаат многу ниски примања, не се пријавени, се работи на црно.“

Поради ситуацијата во којашто се наоѓа работникот во општеството, претседателот на Унијата на независни синдикати Слободан Антовски со препорака до работниците:

„Ние веќе треба да ја заборавиме традицијата на печени јагниња и прасиња, туку барем на некој начин да искажеме некој процес спрема сите случувања што ги експлоатираат работниците.“
XS
SM
MD
LG