Достапни линкови

Вашингтон: Огорченост од сликите за малтретирањето на ирачките затвореници


Сликите на малтретираните ирачки затвореници во американскиот затвор предизвикаа огорченост во меѓународната јавност, посебно во арапскиот свет, а и самиот американски претседател Џорџ Буш изјави дека е згрозен од снимките кои пред два дена ги објави американската телевизија Си Би Ес. Буш најави истрага, наведувајки дека таквиот однос кон ирачките затвореници не ја изразува природата на американскиот народ. Портпаролот на Британскиот премиер изјави дека Тони Блер бил исто така огорчен. Малтретирањето на затворениците е спротивно на правилата на коалицијата, изјави портпаролот.
XS
SM
MD
LG