Достапни линкови

logo-print

Скопје: Уапсен државниот секретар во министерството за одбрана Љупчо Поповски


Државниот секретар во Министерството за одбрана Љупчо Поповски вчера попладне бил притворен поради тоа што примил мито за продажба на објект на АРМ,потврдиле денеска за Макфакс полициски и извори од Министерството за одбрана. Макфакс го цитира портпаролот на ова министерство Марјан Ѓуровски. Деталите, според истата агенција, се очекува денеска да ги соопшти официјално Министерството за внатрешни работи. Според полициски извори станува збор за поткуп во износ од 15 илјади евра кои биле пронајдени при претрес на станот на Поповски. Тој долги години беше на високи функции во Социјал демократскиот Сојуз на Македонија.
XS
SM
MD
LG