Достапни линкови

logo-print

Скопје: Победа на демократијата, оцени Црвенковски


„Македонија денеска покажа дека е вистинска европска држава и положи голем тест по демократијата,“

изјави претседателскиот кандидат на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) Бранко Црвенковски

„Македонија имаше демократски, регуларни и фер избори и го избра својот претседател,“

рече Црвенковски, откако претходно, според податоците на партискиот Изборен штаб на СДСМ, тој беше прогласен за победник на изборите. Црвенковски им оддаде признание на граѓаните кои денеска решија да излезат на гласачките места, без разлика за кого го дадоа својот глас, Црвенковски му оддаде признание и на противкандидатот Сашко Кедев:

„Во Македонија нема победници ниту поразени. Не е поразено ниту новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Денеска се поразени оние што повикуваа на бојкот и на апстиненција,“

изјави Црвенковски. Тој рече дека Македонија покажа оти нема враќање назад, решеност да продолжи кон нови успеси и дека знае кој е нејзиниот пат.
XS
SM
MD
LG