Достапни линкови

Скопје: ДИК соопшти, одзивот 53,39 насто, Црвенковски победи


Одзивот на гласачите во вториот круг од претседателските избори изнесува 53,39 проценти, соопшти претседателот на Државната изборна комисија Стево Пендаровски. Тој рече дека според 99,08 проценти обработени гласови, гласале вкупно 905.051 гласач.Одзивот е 53,39 проценти од избирачите. За претседателскиот кандидат на СДСМ Бранко Црвенковски гласале 548.583 граѓани, или 62,66 отсто од важечките гласови. Својот глас за претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Сашко Кедев го дале 326.951 или 37,34 проценти од гласовите.
XS
SM
MD
LG