Достапни линкови

Организацијата како и во првиот круг


Организацијата на овој, втор круг на претседателските избори во основа е непроменета од првиот круг. Согласно оперативниот план за обезбедување на мирни и фер претседателски избори униформираниот дел на македонската полиција ги обезбедува објектите каде се врши гласањето, но полицајците не смеат да бидат присутни на самите гласчки места освен кога тоа од нив е побарано од избирачките комисии за да се спречи евентуално нарушување на текот на гласањето. Оперативниот план за обезбедување на изборите е направен од страна на Министерството за внатрешни во соработка со полициската мисија „Проксима“. Нејзините членови исто така се анагжирани во набљудувањето на изборите. Како што најави шефот на мисијата Барт Дуг на денешното гласање бројот на европолицајците ќе биде поголем од оној во првиот круг.

„Поради велигденските празници имавме само 75 тима на тренеот за време на првиот круг . Сега тој број ќе биде поголем , но нивната задача ќе биде иста. Ние ги покриваме избирачките места, ги набљудуваме за да видиме дали наредбите дадени од Министерството за внатрешни работи согласно оперативниот план за однесувањето на полицијата се спроведуваат. За Проскима и за оваа земја многу е важно изборите да бидат мирни, а полицијата да ја има улогата на сервис на граѓаните,“

рече Шефот на Проксима Барт Дуг.

Самото гласање го следат и домашни и странски набљудувачи. Најбројни се членовите на невладината асоцијација „Мост“ со повеќе од три илјади набљудувачи. Од меѓународните најбројни се од Организацијата за демократски институции и човекови права при ОБСЕ - ОДИХР. Шефот на набљудувачката мисија која акредитираше 472 набљудувачи Фридрих Бауер за нивната улога вели, за време на вториот круг ангажманот останува непроменет:

„Единствено е различно распоредувањето на нашите членови затоа што ги идентификуваме критичните избирачки места и сега на нив се фокусираме,“

рече Бауер

Како поддршка на демократскиот процес и неговото почитување на овие избори работи и канцеларијата на народниот правобранител каде граѓаните можат да добијат информации доколку има недоразбирања околу остварувањето на нивното избиорачко право. Како и пред две недели во Управните служби во подрачните единици на Министерството за внатрешни работи, до 19 чаот ќе работат шалтерите каде граѓаните ќе можат да извршат проверка, корекција или да извадат лични документи неопходни да за да го остварат своето право на глас.
XS
SM
MD
LG