Достапни линкови

Фалуџа: Денеска мирно


Во ирачките градови Фалуџа и Наџаф денеска е мирно, по вчерашните брби меѓу американските сили и бунтовниците во тие два града. Бројот на загинатите во сунитското упориште Фалуџа, каде што американските сили извршија воздушни напади врз складишта со муниција, сеуште не е познат. Во Наџаф, според американски извори, биле убиени најмалку 64-ца бунтовници. Специјалниот пратеник на Обединетите Нации за Ирак Лахдар Брахими побара конфликтот во критичните ирачки градови да биде решен на мирен начин.
XS
SM
MD
LG