Достапни линкови

Денеска гласаа војниците, затворениците, раселените и болните


Правото на глас, денеска, како што е вообичаено го остварија: војниците, затворениците, раселените и болните. Резултатите од денешното гласање ќе бидат соопштени заедно со останатите резултати:

„Гласовите на лицата коишто гласаа во текот на денешниот ден ќе се пребројуваат утре по затвирањето на гласачките места, за да може да се добие вкупниот број гласови кои ќе бидат собрани од двата дена гласање,“

изјави портпаролот на ДИК Зоран Таневски.

Утре во 7 часот наутро се отвораат 2973 избирачки места на кои граѓаните ќе може да го дадат својот глас за двајцата кандидати за претседател. Резултатите од гласањето ќе бидат познати по завршувањето на комплетниот изборен процес во 19 часот, кога сите избирачки места се затвораат и започнува процедурата на пребројување. Во единствениот избирачки список се запишани 1695000103 граѓани. Бројот на гласачите е идентичен со бројот на гласачките ливчиња, кои се веќе дистрибуирани до 34 општински изборни комисии. Ливчињата се бели со посебна заштита од фалсификати. И вториот круг од претседалтелските избори е со веќе воспоставената процедура. За да се избегне повеќекратното гласање, избирачите ќе бидат обележани со невидлив спреј, што ќе биде проверувано со ултравилоетовите ламби на избирачките места. Вообичаено е и легитимирањето на гласачите со лична карта или патна исправа. МВР, како и во првиот круг, така и сега, утре од седум до 19 часот ќе издава нови лични исправи за оние коишто имаа неважечки лични карти или непоседуваат патна исправа. За изборите да бидат успешни потребно е да излезат над 50 насто од гласачите, а за претседател ќе биде избран кандидатот што ќе освои повеќе гласови. Целата изборна постапка се повторува, доколку на изборите не излезе повеќе од половина од електоратот. Третите по ред претседателски избори во Македонија кои се одржуваат неколку месеци порано поради трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски ги набљудуваат 4,500 контролори. Повеќето од нив се домашни набљудувачи, а најбројни странски контролори испрати ОДИХР.
XS
SM
MD
LG