Достапни линкови

Наџаф: Најмалку 43 бунтовници загинале во судири со сојузничките сили


Најмалку четириесет и тројца бунтовници загинале во судирите со сојузничките сили во близина на шиитскиот свети град Наџаф, соопшти денеска командата на американските војници во Ирак. Не се соопштени други детали за борбите околу Наџаф кој е главно упориште на екстремниот шиитски свештеник Моктада ал Садр. Во меѓувреме, стотици ирачки полицајци излегоа на улиците на Фалуџа со цел да ги започнат заедничките патроли со американските сили кои го имаат опколено градот. Ова е предвидено со договорот меѓу двете страни постигнат деновиве.
XS
SM
MD
LG