Достапни линкови

ЕУ ќе се прошири со десет главно пост комунистички земји


До крајот на неделава Европската Унија ќе се прошири со десет главно пост комунистички земји од Централна и Источна Европа. Дали ова проширување ќе ја направи Унијата попријателски настроена спрема Соединетите Држави, особено по заладувањето на односите меѓу Вашингтон и Брисел поради ирачката војна. Деновиве во Чешка се одржа конференција на која беше направен обид да се одговори на ова прашање.

Се е познато. На Први Мај во Европската Унија, покрај Малта и Кипар, влегуваат и осум поранешни комунистички земји. Повеќето од тамошните граѓани велат дека нивната слобода им ја должат на Соединетите Држави кои за време на Студената војна беа против Советскиот сојуз. Тие, исто така сметаат дека по паѓањето на комунизмот нивните земји одржуваа добри односи со Америка. Но, дали сегашните остри разлики меѓу Европската Унија и Соединетите Држави околу Ирак ќе придонесе овие нови европски членки да го сменат таквото расположение. Претставници на двете страни од Атлантикот деновиве се обидоа, на конференцијата што се одржа во Чешка, да најдат одговор на ова прашање. Вејн Мери, постар соработник во Американскиот совет за надворешна политика во Вашингтон верува дека проамериканизмот ќе во Унијата ќе се почувствува, но само накусо.

„Втората Светска Војна го подели она што некогаш ја нарекуваме Средна Европа од интеграцијата на поширокото европска интеграција. Сега ние гледаме дека вештачкото одвојување конечно заврши. Мислам дека тоа е многу добра работа. Ова од друга страна значи дека врските што ги држат европските општетства заедно се многу посилни од оние што тие ги имаат со другата страна на Атлантикот.“

Мартин Волкер уредник во агенцијата Јунајтед Прес Интернешнл се согласува со ваквото мислење, но верува дека проамериканското расположение , поради историските врски, ќе потрае подолго.

„Една од основните можности на проширувањето е во тоа што ние во него донесовме извесен број членки на НАТО кои сфаќаат дека живеат во опасно соседство и оти своите слободи и ги должат на американската политика за време на Студенета Војна. Тоа за мене значи дека ќе претежне проамериканзимот во Европската Унија.“

За разлика од него, поранешниот судија во Чешкиот Уставен суд Војчех Чепл е на став дека новите земји членки на Европската Унија ќе се обидуваат да ги копираат постарите членки, вклучувајќи го тука и нивниот анти американизам.

„Се плашам дека интелигенцијата и елитите на овие земји за жал ќе ги копираат западноевропските елити кои, според мое мислење, на извесен начин се антиамерикански расположени.“

Сепак, на конференцијата преовладуваа уверувањата дека проширената Европска Унија ќе стане попријателска спрема Соединетите Држави и оти сегашните несогласувања меѓу Вашингтон и Брисел околу Ирак треба да бидат надминати.

„Мислам дека постои генерален консензус во Европа оти во интерес на целиот Западен свет е да се работи на брза стабилизација на ситуацијата во Ирак, на формирање суверена држава и на изградба на институции во таа земја.“

Вели Пјотр Огроџински, директор на американскиот оддел во полското министерство за надворешни работи.
XS
SM
MD
LG