Достапни линкови

Македонскиот синдикат против


Фондот за пензиско и инвалидско осигурување веќе еден месец ги блокира сметките на оние компании коишто му должат по основ на неплатени придонеси. Аргуменот на менаџментот на фондот е дека нема друг лек за наплата освен сметката на компанијата должник да се блокира. Од синдикатот одговараат, не ги блокирајте сметките, на тој начин уште потешко ќе ги извлечете своите пари од фирмите.

„Ние сме против тоа да се блокираат сметките на претпријатијата, бидејки така тие ќе се доведат во ситуација да не мозат да работат. Ако претпријатијата, немозат да работат, нема да има плати, а со тоа ке неможат да се платат ниту придонеси.“

е ставот на Мато Симовски советник во сојузот на синдикатите на Македонија. Само за придонеси по основ на пензиско и инвалидско осигурување компаниите на фондот му должат десет милијарди денари. Договори за одложено плаќање се потпишуваат , но и тој процент е мал:

„Досега договори имаат склуцено околу 1700 компании со вкупен износ на неплатени продонеси од околу 2,5 милијарди денари. Ова претставува 24,8% од неплатените продонеси.“

Покрај малиот процент на склучени договори посебен проблем е што компаниите ги склучуваат договори не дека можат да го подмират долгот туку од страв однапред да не им биде блокирана сметката.

„Има многу што потпишале, а не уплатиле. Неможат да уплатат, туку ги потпишаа договорите заради тоа што рекоа, дека ако не ги потпишат ќе им бидат блокирани сметките.“

искуството вели и оние компании кој првите месеци ќе започнат редовно да ги подмируваат своите обврски по одреден период нивниот процент на исплата на придонесите драстично опаѓа.

„Во јули месец истите овие претпријатија, што викаме 1700 компании, уплатиле 43, 3% за тој месец, бидејќи имат можност да плаќаат на рати. Но, до декември паѓа секој месец и околу осум насто е за февруари месец.“

Решение мора да се бара во пролонгирањето на рокот на подмирувањето на заостанатие обврски по основ на ПИОМ и ослободувањето на одредени компании од досега неплатените придонеси.

„Ќе бараме да се продолжи рокот на отплатата на пет години и на дел од претпријатијата кои не се во кондиција, а ова им пречи за нормално одвивање на производството дел од долговите да им се отпишат.“

Наплатата на заостанатие придонеси за пензиско и инвалидско осигурување е најслаба во штипскиот и беровскиот регион.
XS
SM
MD
LG