Достапни линкови

logo-print

Во собраниска процедура закон за формирање управна инспекција


Со цел да се следи работата на администрацијата, односно дали работи согласно законот кога постапувва по барањата на граѓаните во собраниска процедура е предлог законот за формирање на управна инспекција. Експертите пак посочуваат оти ваков вид на инспекција е од големо значење, бидејќи токму во делот на постапката најчесто се кршат човековите права. Професорот Борче Давитковски објаснува која е задачата на управната инспекција:

„Дали се применуваат, се повредуваат правата во поглед на спроведување на законот за општа управна постапка. Не навлегува во материјалното, дали на пример, на некој му е ускратено право да гради или не, туку дали во пропишан рок органот на управата го решил поднесеното барање или не, каде што најчесто се кршат формално – правните аспекти.“

Давитковски вели дека инспекцијата ќе има и други надлежности и оти ке биде надлежна за сите институции кои го спроведуваат законот за управна постапка:

„Однесувањето на органите на управата, како го спроведуваат законот за општа управна постапка, како и уредбата за канцелариско работење, со него се регулира работењето на посебната иснепкција којашто егзистира при министерството за правда, и којашто ќе биде најдлежна на сите оние коишто ја спроведуваат изборната постапка, да вршат контрола како се спроведуваат одредбите од законот за општа управна постапка, особено во поглед на таканаречените, трите е принципи: ефикасност, ефективност и економичност на управната постапка.“

Во управната инспекција ке бидат лица кои се истакнати правници, а ке ги избира министерството за правда. Давитковски информира дека управна инспекција од ваков вид има и во другите земји, и додава оти токму поради станува збор за орган кој ке придонесе за приближување кон европските стандарди.
XS
SM
MD
LG