Достапни линкови

Започнува изборниот молк


Со телевизиски дуел на двајцата кандидати за претседател на Република Македонија, вечерва на полноќ, завршува предизборната кампања на третите претседателски избори и настапува изборниот молк. Станува збор за забрана за објавување било какви информации што би можеле да влијаат на изборот на граѓаните, и таа забрана ќе биде на сила, практично до крајот на гласањето, в среда во 19 часот. Како и во првиот круг, утре ќе биде извршено гласање на војниците, затворениците и внатрешно раселените лица. Ден пред другите можат да гласаат и болните и изнемоштените, доколку навреме се пријавиле во општинските изборни комисии. Нивните гласови ќе бидат броени по гласањето в среда, односно заедно со другите по затворањето на избирачките места. Право на глас на овие избори имаат 1,695,000,103 колку што се запишани во единствениот избирачки список. За изборите да бидат успешни потребно е на гласање да излезат повеќе од 50 насто од електоратот, а победник е кандидатот што ќе освои најмногу гласови. Доколку на изборите не излезат повеќе од 50 насто од гласачите целата изборна постапка се повторува. Вториот круг на изборите, како и првиот, пред две недели, ќе го следат домашни и странски набљудувачи. Најголем број од нив, се од невладината граѓанска асоцијација „Мост“ и набљудувачите на ОДИХР. Според најавите на шефот на мисијата на ОДИХР амбасадорот Фридрих Бауес, таа останува со ист број набљудувачи, околу 250 и непроменет мандат:

„Единствената работа што ќе биде променета е распоредувањето на нашите краткорочни набљудувачи, бидејќи ние за време на првиот круг ги идентификувавме критичните или проблематичните избирачки места и некои набљудувања ќе бидат фокусирани специјално на нив,“

рече Бауер.
XS
SM
MD
LG