Достапни линкови

Никозија: Кипарските Грци го отфрлија планот за обединување


Обединетите нации оценуваат дека шансата за надминување на проблемите на Кипар пропадна откако над 75 проценти од кипарските Грци на вчерашниот референдум го отфрлија планот на Обединетите Нации за обединување со кипрските Турци во нова државна заедница, пред влегувањето на Кипар во Европската Унија во мај.За разлика од кипарските Грци околу 65 насто од кипрските Турци се изјасниле за обединување. По отфрлањето на планот на Обединетите Нации во чија подготовка учествуваа и Европската Унија и САД претсвници на овие земји изразија разочараност. Ирскиот премиер Берти Ахерен чија земја на претседава со Унијата изрази жалење и најави оти министрите за надворешни работи во понеделник ќе ги разгледаат резултатите од референдумот додека американскиот државен секретар Колин Пауел ги пофали кипарските Турци поради, како што рече, храброто прифаќање на планот, а изрази жалење што кипрските Грци го отфрлија планот.
XS
SM
MD
LG